News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: “Боите на Велигденските јајца” – Ликовна игра

Цели на активноста:

-Да се развива почит кон семејните, локалните и државните празници

-Запознавање со симболиката на јајцето и црвената боја и фарбање на јајцата

-Потτикнување и развивање на чувството на слобода во ликовното изразување

Потребен материјал: варени јајца, стиропорни јајца, боја за јајца, темперни бои, четка, светки, сликички со симболи.

Тек на активноста

Започнете разговор со детето за претстојниот празник Велигден, зошто го славиме, што правиме, зошто ги фарбаме јајцата – црвени.Потоа насочете го разговорот за јајцата што планирате да ги фарбате така што детето нека ги именува боите со кои ќе фарбате-сликате. Поттикнувајте ја интелектуалната креативност на детето преку самостојно изнесување на своите идеи и учество во нивно реализирање. Готовите творби оставете ги да се исушат и ставете ги во соодветни корпи украсени за претстојниот празник.

Подготвил: Воспитувач – Љубинка Томовска