News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста:  „Жива и нежива природа – делови на растението“ – Разговор

Цели на активноста:

-Да се поттикнува способноста за користење на истражувањето и набљудувањето како средство за осознавање и учење;

-Да се поттикнува да набљудува и опишува карактеристики на живата и неживата природа;

-Да знае да ги именува и набројува деловите на растенијата;

 

Потребен материјал: енциклопедија или лап-топ, свежо цвеќе, слики, колаж хартија или хартија во боја, лепило…

Тек на активноста

Разговарајте со детето за природата, за тоа што ја сочинува – за живата природа (човек, растенија, птици, инсекти), и неживата природа (вода, воздух, земја, сонце), при тоа што истовремено ќе разгледувате енциклопедија или списание, слики од вашиот лап-топ, за да им биде појасно. Потоа, излезете на тераса или во вашиот двор, за да ги набљудувате растенијата (цвеќето, дрвото) и истовремено да го запознаете детето преку набљудување – со деловите на растението и истите да ги именувате (корен, стебло, лист, гранки, цвет или плод). Доколку имате засадено цвеќе, би било полесно да го набљудувате и да разговарате. На крај со детето можете да ги нацртате и изработите од хартија во боја или колаж хартија – деловите на растението и истите да ги составувате по нивиот редослед.

Подготвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска