News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста:

„Дрвото – пријател на сите“ – Разговор

„Усвојување и препознавање на бројот 5“- Дидактичко-математичка игра

Цели на активностите:

-Да се поттикнува интересот и љубовта кон природата

-Развивање на фината мускулатура на дланката и прстите

-Да се стекнува со вештини за користење на разни ликовни постапки (кинење, лепење, сечење, цепкање и др.)

-Да се развива свест за количество на броевите (до бројот 5)

Потребен материјал: енциклопедија, колаж, хартија во боја или креп хартија, бел лист, лепило, ножички, молив.

Тек на активности

Поттикнете го детето, преку разговор за значењето на дрвото, каква корист имаме од дрвата, кои се деловите на дрвото, кои птици, животни, инсекти живеат на него и што му е потребно на дрвото за да расте.

Потоа детето самостојно на бел лист,  со молив нека нацрта  дрво со 5 гранки, а внатрешниот дел на дрвото нека го исполни со колаж хартија. Откако детето ќе го пополни внатрешниот дел на дрвото, може да го пополни и останатиот празен простор околу дрвото со колаж, а потоа нека нацрта, исече и залепи 4 птици како стојат на гранките, 3 пеперутки како летаат околу дрвото, 2 верверички до дрвото и 1 бубамара на стеблото од дрвото, така што ќе се добие убава пролетна слика.

На подот направете две множества во кои детето ќе треба да стави по 5 предмети по негов избор, а потоа со конец да ги поврзе и да види дали во двете множества има ист број предмети, односно 5 предмети. На крај, заедно со детето пополнете ја сликата.

 

Подготвил: Воспитувач –  Ивона Јанкоска