News

Возрасна група: 5 – 6 години

Наслов на активност: „Усвојување и препознавање на бројот 4“ – Математичка игра

Цели на активноста:

-Да се оспособат за препознавање на цифрите од 1 до 4;

-Да се оспособат за формирање на множества со даден број на елементи;

-Да се оспособи детето за поврзување на множествата со исто толку елементи со броевите од 1 до 4.

Потребен материјал: Предмети од непосредната околина, топки, лажици, чинии, вилушки, салфетки, чаши,  столчиња, маса, часовник, куклички, колички, сликовници, обрачи, врвки, ликовен материјал (бел лист, дрвени боички).

Тек на активноста

Четири е многу важен број! Направете да е забавно со бројот 4! Играјте со бројот 4! Играјте говорна игра и прашајте го детето колку годишни времиња има, колку страни на светот има – исто така, мачето, кучето, волкот, лисицата колку нозе имаат, да го препознаеме бројот 4 на часовникот и сл. За време ручек, дозволете му на детето да ја подготви маса за ручек за 4 луѓе. Детето брои и реди 4 чинии, 4 лажици, 4 вилушки, 4 салфетки, 4 чаши. На 4-те столчиња, става 4 кукли кои сочинуваат едно семејство. Потоа на подот поставете два обрачи кои сочинуваат две множества во кои ќе треба детето да стави по 4 предмети од непосредната околина (пр. куклички, сликовници, топки, колички). Предметите од обрачите нека ги поврзе со врвки за да види дали и во двата обрачи има ист број на предмети, односно по 4 предмети.

Земете бел лист хартија и нацртајте му на детето сладолед со три топки. Убаво означете ги корнетот и топките сладолед со бројки од 1 до 4. Најдолу на листот запишете ги бројките и покрај нив обојте правоаголници во разни бои. Поттикнете го детето да се води по бројките и боите за да го избои сладоледот.

Потсетете се на 4-тиот роденден на детето и заедно разгледајте ги сликите и видеото од роденденот.

Подготвил: Воспитувач – Јелена Мирческа

Tags