News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: ,,Игри со балони” – потскокнување / Подвижна игра

Цели на активноста:

-Да се поттикнува координацијата на локомоторниот систем;

-Да се оспособува детето да ги контролира своите движења;

-Да се развива и усовршува скокањето односно, потскокнувањето како дел од основните природни движења;

-Да се стекне осет за ориентација во просторот;

Потребен материјал: балони во повеќе бои и ликовен материјал

Тек на активноста

Надувајте неколку балони во повеќе бои, па и големини. Поттикнете го детето да ги именува боите – црвен како мојата блуза, зелен како тревата, жолт како сонцето и сл. Направете кратка споредба и во големините (кој е најголем, а кој е најмал). Потоа предложете му на детето да играте заедно : ,,Одбери со кој балон сакаш прво да играме”. Балонот подавајте си го во височина, потскокнувајки со двете нозе. Можете и да го мотивирате детето со зборовите: ,,Колку само високо потскокна ….сега највисоко, балонот летна до таванот! Кога балонот ќе падне долу – земете втор, продолжете со играта …. додека постои интерес за истата. Следете ја детската реакција, насочувајте го да го прави тоа со внимание – да се труди балонот да се задржи подолго горе. На крајот потсетете се кој балон се одржал најдолго во игра и ставете го на почесно место во собата. Насочете го детето да ги нацрта или наслика балоните – изборот нека биде на детето.

Подготвил: Воспитувач – Веселка Божиновска