News

На ден 06.03.2020 година, децата од воспитната група “Зајачиња”- објект ” Бели Мугри”, учествуваа на традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема “Цртам и пеам за мојата мајка” во организација на Детски културен центар “Карпош”, по повод празникот на жената – 8-ми март. Децата изработија честитки поврзани со темата –  мајка, жена, во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги замислуваат своите мајки и која е нивната улога во нивниот живот. Манифестацијата беше проследена со пригодна програма во која децата активно учествуваа со рецитирање на стихови и пеење песнички за своите мајки.