News

Петнаесетина деца на возраст од 5 и 6 години од скопската градинка „Кочо Рацин – Клон Наум Наумовски Борче“, заедно со нивните учителки денес ја посетија нашата #медијатека. Децата имаа можност да се запознаат со детскиот лик Чупи преку колекции на детски книги и сликовници и да го погледнат цртаниот филм „Чупи на училиште“.
Малите посетители особено беа воодушевени од детското катче со сликовници, детски книги, приказни и бајки, звучни книги, стрипови, енциклопедии, цедиња…

Анимациите во медијатеката се дел од проектот „Да ја откриеме Франција“, што Францускиот институт, го реализира во соработка со Општина Центар – Скопје во рамките на одбележувањето на месецот на #Франкофонијата2020.