News

На ден 14.02.2020 год. во објект Н. Н. Борче, децата од 4-5 годишна возраст, имаа чест да се дружат и едуцираат со професори од Стоматолошкиот факултет – проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проф. д-р Марија Стевановиќ и нивните специјализанти. Преку едукативни материјали и реквизити, ги запознаа децата со начинот на одржување на оралната хигиена, со здравиот диететски режим на исхрана и ги советуваа  редовно и превентивно да посетуваат стоматолог.