News

На ден 06.02.2020год. со децата од 4-5 годишна возраст во сите објекти ја реализиравме третата  работилница за отпадно масло. Темата за која разговаравме со децата беше “Зошто не треба искористеното масло да се истура во природа”? За таа цел ја игравме играта “Загадување на природата” преку која децата се здобија со нови сознанија за тоа како треба да се грижиме за природата да не биде загадена. Потоа боеја боенки за тоа како е правилно а како не е правилно да се собира отпадното масло.