News

На ден 05.02.2020г. децата на возраст од 5 до 6год. од објект Н.Н.Борче, беа во посета на Планетариум, во рамки на месечната тема: “Ја истражувам нашата вселена”. Децата имаа можност да проследат  едукативно предавање на тема „Планетите во нашиот сончев систем“ и да се запознаат со планетите и нивните карактеристични обележја. Патуваа во вселената, го откриваа Сончевиот систем, истражуваа ѕвезди и уживаа.