News

После 35 години постоење и греење на мазут, нашата градинка Панорама еколошка стана. Во целиот објект се поставија 33 нови високоефикасни инвертер уреди за ладење и греење. Како дел од Планот за чист воздух на Министерството за животна средина овој проект го реализираше Општина Центар, а финаниските средства ги обезбеди АД МЕПСО. По тој повод децата со приредба ги поздравија нашите ценети гости заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и финансискиот директор на МЕПСО Љупчо Зиков.