News

Новогодишните радости за децата од градинката Кочо Рацин во Капиштец оваа година се збогатија со уште еден подарок. Холот на градинката се оплемени со два вертикални ѕида за качување, заедно со меки подлоги, донација од Projects with a Heart, Philip Morris TKP & Expanda, за што од срце им се заблагодаруваме. Во наредниот период повеќе од 300 деца кои ја посетуваат оваа градинка ќе имаат можнос да ги почувствуваат благодетите од секојденвните физички активности кои се битен дел од целокупниот раст и развој.