News

Магијата на празнувањето расположува, разнежнува, зближува. Таква беше денес атмосферата во холот на градинката Кочо Рацин во Капиштец. Децата од сите возрасни групи ги напишаа своите праки до Дедо Мраз и ги закачија на еколошката новогодишна елка која ја направија вработените од градинката. Во пишувањето им помогнаа родителите, а некои од нив си допишаа и свои пораки. На крајот сите заедно заиграа околу елката.