News

Денес дворот на градинката Кочо Рацин во Капиштец беше исполнет со детска смеа, ентузијазам и мотивираност. Родителите заедно со своите деца реализираа попладневно дружење во рамките на месечната тема ”Љубовта кон мојот град и околина”. За таа цел посадија 44 садници од дрвото Cupresocyypariss Laylandii кои ги обезбеди градинката, а дел донираа и родителите. Со тоа се поставија темелите на идниот зелен ѕид покрај оградата во дворот, но и темелите на грижливиот однос кон околината и љубовта кон природата кај децата.