News

По повод 13-ти ноември, децата од двете групи од 4 – 5г. од Матичен објект, беа во посета на Собранието. Децата се запознаа со просториите во Собранието, со функциите на вработените, салата за пратениците и собата на Претседателот на Собрание за прием на гости. Децата имаа можност да се запознаат со подароците што ги добивал Претседателот  на Собрание, од посети на гости од други држави.