News

На ден 12.11.2019г. групата од 5-6 год. од објект Панорама, по повод празникот 13-ти Ноември –  Денот на ослободувањето  на градот Скопје, го посетија Музејот Порта во центарот на градот. Кустосот ги запозна децата со поставката на автомобили кои биле подарени на музејот по повод 75 години од ослободувањето на градот. Децата направија кратка прошетка низ музејот, а потоа им овозможија со телескоп да ги набљудуваат убавините на нашиот град.