News

По повод Европскиот ден на музиката, во објект Н.Н..Борче беа гости-родители – музичари, кои се претставија со нивните инструменти – виолина и гитара. Тие на децата им ја објаснија нивната намена и функција, а потоа преку музика и забава заедно со децата се дружеа. Активноста беше од интерактивен карактер, присуствуваа деца од 4-6 год. возраст, кои научија многу нови работи за музичките инструменти.