News

На ден 07.11.2019г. во сите објекти на нашата градинка во групите од 4-5 год.возраст се реализира првата работилница од проектот на тема “Што е отпадно масло”. На работилницата со децата се разговараше – за што се користи маслото, што готвиме со маслото, а проследија и документарен филм на тема “Што е отпадно масло, како се собира и рециклира’. Децата интерактивно учествуваа во разговорот на дадената тема,, а потоа ги избоија работните листови, на кои беше претставено – како правилно да се собира искористеното масло. Децата добија домашна задача – заедно со родителите да напишат или нацртаат на тема: Што прават со искористеното масло за готвење?