News

По повод 7-ми Ноември – Европскиот ден на музиката, восп. група “Сонциња”, 5-6 г. од Матичен објект, го посети Ансамблот за народни песни и ора “Кочо Рацин”. Пречекани на традиционален начин, со леб и сол, децата се запознаа со македонската традиционална музика, народните инструменти и обичаи, како и некои од нашите ора. Разиграно и весело, како што му доликува на денот, децата ги покажаа своите таленти за музика и ритам и со тоа оставија простор во некој од нив да видиме иден играорец, продолжувач на македонската музика и традиција.