News

На ден 01.11. 2019г. во просториите на објект Н.Н.Борче се реализира театарска претстава со наслов “Лина и Мина во градинка” подготвена од воспитниот тим на објект Н.Н.Борче. Театарската претстава допринесе децата да разберат дека градинката е пријатно место за растење и учење низ игра и забава. Приказната од друга страна допринесе да се развива и другарството во градинка, да се споделуваат нештата и притоа сите да бидат среќни и насмеани.