News

Во рамки на Детската недела, во период од 03 до 11.10.2019 год. се реализира хуманитарна акција во сите четири објекти на нашата градинка. Се собираа средства за хигиена и пакувана, конзервирана храна, кои беа наменети за семејствата со социјален ризик.

Според годишниот план за реализација на активности на тема – љубезност, групата “Детелинки” од 4 – 5г. од Матичен објект, во месец октомври, својата љубезност ја изрази преку заедничка подготовка на пакетите за хуманитарна помош, до дечињата на кои истата им е најпотребна.