News

Чистотата и заштитата на планините, ни се потребни повеќе отколку што сме навистина свесни за тоа. На тоа не потсетува важниот ден во годината – Светскиот ден на чисти планини (26.09).  Децата од воспитната група од 4-5 год. го одбележа овој ден со низа активности: сликаа на тема  -,,Чисти планини”, изработија макета -планината Водно и засадија зимзелени и листопадни дрвца.

Целта на овие активности е да се развие свеста кај децата за зачувување на планините,  бидејќи се значајни за одржување на животот на планетата, затоа што обезбедуваат кислород, вода за пиење и претставуваат живеалишта за многубројни растителни и животински видови.