News

На 20.09.2019година во објектот Бели Мугри го одбележивме Светскиот ден без автомобили 22-ри септември. Во манифестацијата учествуваа децата од сите возрасни групи (2-6години) со возење на велосипеди и тротинети. Целта ни беше да ги мотивираме децата за живот во здрава животна средина, практикување на здрави животни навики како и поттикнување на еколошка свест уште од најрана возраст. Родителите ја поздравија иницијативата и не подржаа на тој начин што ги донесоа велосипедите и тротинетите на своите деца, а ние се потрудивме успешно да ги организираме натпреварувачките игри каде што секое дете со сите сили се трудеше да победи, а другарчињата гласно навиваа, ги бодреа со аплауз и се радуваа. На крај сите бевме среќни, задоволни и исполнети со позитивна енергија.