News

По повод Денот на Планетата Земја, децата на возраст од 5-6 год. од објект Н.Н.Борче, реализираа низа активности  преку кои ја испратија пораката до возрасните за почиста и здрава средина. Цртаа колективни цртежи, направија флаери, кои потоа ги поделија на своите родители за да ги потсетат на еколошкото однесување и дека немаме резервна планета. Децата се запознаа и со процесот на рециклирање на хартија и сами направија од стара – нова хартија, која ја искористија за сликање.