News

Во текот на месец април, во сите објекти на нашата установа во групите од 4 – 6г., беше реализирана третата работилница од проектот “Учиме за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење”. На истата, децата се потсетија за важноста на селектирањето и рециклирањето на целокупниот отпад кој го создава човекот, меѓу кој спаѓа и маслото. Децата преку организирана еколошка игра ја испратија пораката за важноста од чиста и здрава околина.