News

По повод Денот на Планетата Земја – 22 ри Април, во објект Бели Мугри, беше организирана  Еко-акција за собирање отпад од дворот на објектот. Во реализацијата учествуваа децата од 3-6години, кои собираа  чаши, хартија, шишиња и друг ситен  отпад од тревната површина.  За оваа намена, а во соработка со родителите, беа обезбедени заштитни ракавици за сите дечиња и неколку кеси за ѓубре.

На овој начин се трудиме кај дечињата уште од најмала возраст да ја подигнеме свеста за значењето на општата хигиена, која секогаш започнува и зависи само од нас самите!