News

07.04.2019 година – Ден на здравјето, а здравјето подразбира постоење, живот, егзистенција,…
Во чест на Денот и на наше огромно задоволство, имавме голема чест и привилегија да се дружиме со Проф. д-р. Благица Крстевска. Во опуштена атмосфера, со пристап кој плени во првата секунда, децата уживаа во излагањето на докторката, која со себе имаше донесено – цел арсенал на лекарски прибор, кој е присутен во секоја ординација: стетоскоп, шпатули, ханзаплас, маски, капи, ракавици,….. а подоцна, низ музика и песна имаа можност да бидат прегледани, кој како љуби, без никаква присила. Ако на самиот почеток постоеше страв, љубопитност, сомнеж, мистерија и доза несигурност во детските глави, сето тоа исчезна, го смени правецот во љубов кон оваа професија, желба за повторна средба и најскоро ветена посета од наша страна.
Нашата мисија беше вистински успешна.