News

Во рамките на реализација на проектот “Како се разболуваме, како се лекуваме” на 5ти април во групата од 3 – 4г. беше гостин родител лекар – Весна Цеков. Покрај разговорите за нејзината професија, како нагледни средства ни донесе медицински помагала и предмети (шпатули, шприцеви, маски, стерилни чаши) но и стетоскоп со кои децата “играа” лекари. На овој начин се потрудивме оваа професија да им ја доближиме на децата и да се обидеме да им го тргнеме стравот од белиот мантил.