News

На ден 26.03.2019г., децата од група Ежиња на возраст од 4 -6 г. од Матичниот објект, беа во посета на Младинскиот културен центар, во кој се наоѓа ателјето на Горјан Ѓорѓиев. 
Работејќи на проектот “Виножитото низ детските очи”, децата ги збогатија своите елементарни знаења од областа на ликовната уметност, се запознаа со професијата – сликар и материјалот кој му е потребен за работа. Децата како идни ликовни уметници, учествуваа во креативната работилница и изработија прекрасни ликовни творби. На крајот ја разгледаа и галеријата со слики, со што излегоа побогати со знаења од ликовната уметност и творештво.