News

На 15.03.2019 год. групата “Ѕвездички“ 4-5 год. беа во посета на уметничката галерија Анагор во рамки на проектот: Играме со боите на виножитото. Децата добија одговори од областа на уметноста: со какви материјали цртаат уметниците, какви бои и четки користат, колку време е потребно да се нацрта една уметничка слика и сл. Децата беа изненадени и воодушевени од уметничките слики и секако среќни си заминаа дома.