News

Уште една авантура на “Сонциња”, група 4 – 5г, од Матичен објект. Овој пат во потрага по многу одговори од областа на уметноста кои ги интересираа децата. Тие на 12.03, беа гости во сликарското ателје на уметникот Петар Попчев. Што е потребно да се стане сликар, кои техники и материјали ги користи, од каде ја црпи инспирацијата, беа дел од прашањата кои сликарот со нескриено задоволство ги одгатна. Малите уметници со воодушевување ги впија новите знаења и секако, многумина од нив посакаа да станат сликари.