News

Во уште една потрага по идна професија, воспитната група “Сонциња”, 4-5 год. од Матичен објект, на ден 19.02.2019 год. ја посети Македонската опера и балет. Низ разговор и дружење со балерините и балетаните, децата открија многу работи за оваа професија, научија за бон тон при следење на балет, разменија многу подароци. Прекрасно доживување и огромна благодарност до сите што им посакаа топло добредојде на децата. Пред се вработените во МОБ успеаа да ги разбудат детските желби и фантазии – еден ден да бидат балерини – балетани…