News

На ден 08.02.2019 год градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ заедно со Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ја посетија градинката „Кочо Рацин“, каде што се инсталирани прочистувачи на воздухот. Истите се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата на РМ што се спроведуваат во рамки на борбата против аерозагадувањето во нашата држава.

Како донација на МЖСПП вкупно се донирани 17 прочистувачи за воздух и истите се распоредени во три објекта, и тоа во ЈУДГ ОЦ ‘Кочо Рацин’ – 9 прочистувачи, ЈУДГ ОЦ ‘Раде Јовчевски Корчагин’ 5 и ЈУДГ ОЦ ’13 Ноември’ – 3 прочистувачи.