News

На ден 07.11.2018 година по повод Денот на урбана средина во објект Бели Мугри, во групата од 5 – 6г.  гостин беше родител – архитект Јана Ѓорѓевиќ. Таа на децата им објасни што значи професијата архитект, ги запозна со позначајните објекти во нашиот град, како што се ГТЦ, Ману, Даут Пашин Амам, Камениот мост, Тврдината Кале, МОБ и сл.Со децата беа реализирани активности на маси, по групи – при што на соодветна мапа ги аплицираа објектите што се наоѓаат во нашиот град. Сите деца заедно излегоа во холот на градинката и се обидоа да ја наместат големата слагалка со мапа од нашиот град со позначајните објекти.